Пијанистката Мисиркова со поддршка за вечерашниот собир

Македонската пијанистка Елена Мисиркова која е реномиран изведувач во Македонија и странство дава поддршка на вечерашниот народен собир.

-За силна и единствена Македонија на сите нејзини граѓани без влијание на дволичната политика на USA и ЕУ во внатрешните работи на државата Република Македонија, напиша таа на својот Фејсбук профил споделувајќи ја најавата.

Вечерва во 20 часот пред македонското Собрание ќе се одржи голем народен собир под мотото „Македонија силна“ во организација на владејачката партија.

elenapoddrskaa

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.