Пијте зелен чај, ќе бидете попаметни

Освен што го чисти телото од отрови и го сузбива апетитот, зелениот чај е добар и за умот, потврдиле научниците од швајцарскиот Универзитет Базел.

Зелениот чај ги подобрува когнитивните функции и паметењето, а особено добро делува на работната меморија, пишува британскиот „Дејли мејл“.

Испитаниците по испиениот зелен чај подобро ги завршувале задачите кои ја ставаат во функција работната меморија. Тоа подобрување го потврдиле и снимки од мозокот. Научниците воочиле зголемена активност меѓу фронталниот и паријеталниот кортекс. Паријеталниот кортекс е задолжен за преработка и регулирање на виденото, додека фронталниот е одговорен за планирање, фантазија и креативност.

Зелениот чај освен што ја подобрува поврзаноста меѓу нервите во мозокот поради што научниците веруваат дека би можел да се користи во лечење на деменција и психички нарушувања кои предизвикуваат губење на меморијата.

Неодамнешните студии ја потврдиле добротворноста на зелениот чај, но досега ниту една не го открила неговото влијание на нервниот механизам во мозокот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.