Пике и Шакира по втор пат родители

Дефанзивниот играч на Барселона Жерар Пике и колумбиската пејачка Шакира по втор пат станаа родители.

Шакира синоќа во Барселона роди здраво момче и тоа две години по раѓањето на првото дете на кое му го дадоа името Милан…

Среќните родители ја соопштија веста неколку минути по полноќ, а сеуште не е познато името на новиот член на семејството Пике.

Инаку Жерар и Шакира се заедно од 2010 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.