Пике интересен помеѓу гигантите на Островот

Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике е еден од најпосакуваните дефанзивци помеѓу клубовите во англиската Премиер лига.

Иако самиот Пике истакна дека сака да ја заврши кариерата на “Ноу Камп”, сепак во голем дел работите не зависат од него. Доколку стигне некоја навистина примамлива понуда, тешко ќе биде Барселона да одолее на богатството кое го поседуваат газдите на Манчестер Сити, Челзи, Манчестер Јунајтед итн.

Ако може да му се верува на каталонскиот весник “Спорт”, на адресата на Барселона веќе има пристигнато неколку понуди, а до овој момент тимот на Челзи ја доставил највисоката, која изнесува 30 милиони евра. Понуди пристигнале и од Манчестер Сити, кој на “аукцијата” е спремен да плати 28 милиони, а Манчестер Јунајтед би дал 25 милиони евра.

Интересно е дека токму тимот на Јунајтед, на кого очајно му се потребни нови дефанзивци, нуди најмалку. Токму во овој клуб Пике не доби шанса да покаже што знае, откако беше член на “црвените ѓаволи” од 2004 до 2008 година.

pike man utd

Сепак, тешко е да се види Жерар Пике во друг дрес, особено што и Барселона често има проблеми со дефанзивата, па откажувањето од еден така квалитетен стопер ќе биде огромен минус за нив.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.