Пике ќе биде “олеснет” за 10.500 евра

Шпанскиот репрезентативец и член на Барселона, Жерард Пике ќе мора да плати казна во висина од 10.500 евра поради навреда.

Братот на Пике се имаше паркирано на место резервирано за автобуси, за што потоа му беше пишана казна од страна на полицаецот, токму во моментите кога тој и фудбалерот излегуваа од една дискотека во каталонската престолнина. Фудбалерот на Барса влегол во сериозна караница со полицаецот, заканувајќи му се дури и дека ќе направи да добие отказ доколку навистина ја напише казната.

Полицаецот не попуштил, туку веднаш го пријавил Пике за навредување на службено лице, па сега дефанзивецот на Барселона ќе мора да плати висока парична казна, која сепак за Пике и нема да биде некаков проблем ако се земе неговата плата која ја добива од каталонскиот клуб.