Пике: Нема причина за збунетост

Шпанскиот фудбалер Џерард Пике нагласи дека не е загрижен по поразот на својата репрезентација од Холандија со резултат оод 2:0 на пријателскиот меч.

Триумфот на Холанѓаните во дуелот со европските шампиони го донесоа Стефан де Вриј и Дејви Класен.

Како и да е, домаќинскит тим во Амстердам играше без главните ѕвезди – Робин ван Перси и Ајрен Робен.

Но, дефанзивецот на Барселона нагласи дека пријателските средби не се причина за загриженост.

Шпанецот е оптимист дека тој резултат нема да влијае на шансите на Шпанија на ЕУРО во Франција следното лето.

„Не одигравме лош натпревар, но плативме за две грешки“, вели искусниот Пике.

„Мене тој резултат воопшто не ми е важен, губевме и претходно на пријателски мечеви и пак освојувавме титули“, додава Шпанецот.

„Размислуваме позитивно, експерементираме и мораме да напредуваме“, нагласи одбранбениот фудбалер.

Шпанија моментно е на второто место на табелата од групата Ц од квалификациите за Европското првенство 2016-та година, со три бодови помалку од Словачка, а три повеќе од Украина.

Извор: Курир.мк