Спорт

Пике: Срамно е што Роналдо се буни за судењето

Пике: Срамно е што Роналдо се буни за судењето

Централниот дефанзивец на каталонскиот гигант Барселона, Жерард Пике, јавно ја потсети најголемата ѕвезда во дресот на Реал (М), Кристијано Роналдо, дека истиот тој судија, кој Португалецот го обвинува за пристрасно судење, на старот од второто полувреме досуди непостоечки пенал за “кралскиот клуб”.

“Срамно е што Роналдо се буни за судењето. Срамно е што се буни после еден ваков спектакуларен натпревар. Ако сака да ги коментираме индивидуалните одлуки на Ундиано, тогаш да почнеме од непостоечкиот пенал за Реал (М). Роналдо заборави дека беше фаулиран надвор од казнениот простор. Не е во ред да ги коментираш судиските одлуки. Судијата немаше никакво влијание кога е во прашање конечниот резултат”, изјави дефанзивецот на Барса.