Спорт

Пике: Тер Штеген не е крив, заслугите се на Флоренцио (ВИДЕО)

Пике: Тер Штеген не е крив, заслугите се на Флоренцио (ВИДЕО)
Пике: Тер Штеген не е крив, заслугите се на Флоренцио (ВИДЕО)

Дефанзивецот на Барселона Жерар Пике рече дека голманот Марк Андре Тер Штеген не треба да се обвинува за феноменалниот погодок на Алесандро Флоренцио.

Членот на Рома во првиот натпревар од Лигата на шампиони постигна изедначувачки гол од речиси половина терен, лобувајќи го германскиот голман.

„Тоа не е голманска грешка, тоа е стопостотна заслуга на Флоренцио“, вели Пике.

„Тер Штеген им дава голема поддршка на централните дефанзивци со својата позиционираност“, рече Пике.

Тој исто така одговараше и на прашањата на своите следбеници на Твитер и наведе дека отсекогаш сакал да биде напаѓач.

„Замислете го напаѓачкиот квартет, Лео Меси, Луис Суарес, Нејмар и Пике“, нагласи репрезентативецот на Шпанија.

Барселона не успа со триумф да ја започне одбраната на трофејот во елитното натпреварување, во Рим резимираше со Рома со резултат 1:1.