Свет

Пилај: Израелските операци може да се толкуваат како воени злосторства

Пилај: Израелските операци може да се толкуваат како воени злосторства

Операциите на Израел во Појасот Газа при што се уриваат куќи и се убиваат деца, би можеле да се толкуваат како воени злосторства и злосторства против човештвото, изјави високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Нави Пилај, пренесе МИА.

Таа на почетокот од вонредната седница на Советот на ОН за човекови права ги осуди и ракетните напади на Хамас врз Израел.

Таа ги повика страните вклучени во вооружениот конфликт во Појасот Газа да прават разлика меѓу цивилите и учесниците во воени дејствија.

– Треба да се посвети внимание на заштита на правата на цивилите, вклучително и на децата. Непочитувањето на тие принципи може да се толкува како воени злосторства и злосторства против човештвото, посочи Пилај.

Таа наведе дека од осми јули, почетокот на израелската операција во Појасот Газа убиени се повеќе од 600 Палестинци, од кои 147 деца и 74 жени