Пилешки тортиља корпички

Пилешки тортиља корпички
Пилешки тортиља корпички

Некои рецепти изгледаат многу потешко за приготвување отколку што навистина се. Нека биде ова ваш адут да ги истакниете вашите кулнираски афинитети и да се пофалите пред пријателите дека сте вистинки шеф. Интересна закуска која не само што ќе ја разубави вашата трпеза, туку и ќе ги воодушеви присутните.

  • 400 гр пилешки гради (сварени и исечкани)
  • 100 гр маслинки (без семки и сечкани)
  • 100 гр кшкавал (рендан)
  • неколку перца млад кромид (сечкан)
  • 2 лажици павлак
  • ½ сок од лимон
  • 1-2 домти (ситно сечкани)
  • ттиквичка (сечкана)
  • сол, бибер, мајчина душица
  • неколку готови тортиљи

Во поголем пластичен сад, вареното и исечканото пилешко помешајте го со исечканите маслинки, младиот кромид, доматите и тиквичката. Добро промешајте и зачинете.

Додадете 2 лажици павлака и сок од лимон повторно смесата промешајте ја.

Во меѓувреме, вклучете ја рерната на 220 степени а плехот за колачи премачкајте го путер.

Од готовите тортиљи со чаша и нож исечете крукчиња и со нив обложете го секој калап. (се добиваат корпички од тортиљи).

Секоја корпичка наполнете ја со претходно подготвената смеса, а одозгора ставете нарендан кашкавал.

Печете 15 до 20 минути се додека кората на тортиљата не стане крцкава