Пилинг со кој ќе се ослободите од целулит

Најголемиот кошмар на секоја жена е нејзиниот целулит. Ви носиме рецепт со чија помош на природен начин ќе се ослободите од него.

 

Меѓу другото за намалување на целулитот потребна е комбинација од здрава исхрана, пиење вода и козметички препарати, а ако сакате да го засилите вашиот антицелулитен режим, ви предлагаме да го воведете и овој пилинг, кој е лесно да се направи дома.

Потребни состојки:

– половина шолја кафе
– 2 лажички црн шеќер
– 2 до 3 лажички маслиново масло

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки и ставете ги во пластична или стаклена чинија со капак. Откако ќе се истуширате, добро истријте на критичните подрачја со смесата и потоа измијте го од телото со млака вода. Истријте ги нозете со пешкир и потоа нанесете антицелулитна крема.

За најдобри резултати практикувајте го ова секој ден.