Пилот на Американ Ерлајнз почина среде лет

Пилот на Американ Ерлајнз почина среде лет. Трагичниот настан се случил вчера на летот помеѓу Феникс и Бостон, а копилотот ја преземал контролата врз авионот и безбедно слетал, јавува Си Ен Ен.

Во официјалнотот соопштение од авиокомпанијата не се соопштуваат причините за смртта на пилотот, освен што се напоменува дека станува збор за болест. Според истрагата, аутопсијата и првичните токсиколошки наоди врз телотоо на пилотот покажале дека смртта настапила како резултат на претходни заболувања.

На пилотот му се слошило среде лет, па затоа летот бил пренасочен кон Сиракуза во Њујорк.

На местото на слетувањето на авионот веднаш биле повикани пожарникари и итна помош.

Според изјавите на патниците, тие морале да чекаат во авионот додека телото било извадено, а во Бостон пристигнале попладнето, речиси пет часа по предвиденото време.

Сепак тие се благодарни затоа што пристигнале безбедно. Како што велат, благодарение на тоа што копилотот успејал да остане смирен тие стасале бесбедно на предвидената дестинација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.