Пилот херој спречи катастрофа над Белград

Патниците кои патуваа со „Ер Србија“ од Рим до Белград преживеаа вистинска драма. Авионот дури 40 минути кружеше околу Белград поради силните ветрови, дождови и град и не беше во можност да слета на пистата на белградскиот Аеродром „Никола Тесла“, пишува Прес24.

Само благодарение на искусните пилоти, кој на крајот упеаа да се изборат со несекојдневните временски неприлики, во петокот вечерта над Белград, на драмата и дојде крајот.

Четириесет минути траело филмското маневрирање над Белград во обид да слетаме и тоа во ненорамални временски услови. А изгледаше буквално вака – три пати се обидуваме да слетаме и во последен момент се откажавме. Му пркосевме на ветерот кој не носеше како пердув, додека авионот с тресеше… Пропаѓаме… Во потполн мрак сме… Го надлетуваме Авала прв пат, па вотр, па потоа трет. Повеќе не гледаме ништо, само се исполнуваме со тешка мака. И никој не ни се обраќаше. Градот маваше како луд, а прозорите беа замаглени од дождот“, вели една од патничките.

Таа вели дека помислила дека ова е крај – Прв пат во животот си помислив – готово е. Се слуша врисок. Мајсторите од кабината прават маневар надесно, чувстваш како авионот се врти околу својата оска, речиси за 180 степени. Е тоа го видов само на филм. Четврти пат слушам. Cabin crew, please take your seats for landing, само што сега гласот на капетанот стана нервозен. Но преживеавме“, вели една од патничките која својата приказна ја сподели и со корисниците на друштвените мрежи.

Авионот слета неколку минути пред полноќ. Инаку сите авиони слетале од Авала затоа што Добановац не беше опција поради градот и силниот ветер.

„Требаше да слетаме во 22.15 но од Рим каснеа околу половина час затоа што поради ветровите беше затворен речиси цел аеродром и оставивме една линија за летање. Беше гадно. Добро е да пилотот воопшто се одлучи на слетување.

Оние кои управуваа со авионот можам да им честатм и да им се заблагодарам. Ги имаме најдобрите пилоти. Инаку симаптична би меше стјуардесата Невена која откако на крајот слетавме со нејзиниот мил галс се огласи „Се надевам дека летот со нас ви беше пријатен“.