Австралија: Двајца индонезиски пилоти подготвувале џихадистички напади

Австралија: Двајца индонезиски пилоти подготвувале џихадистички напади

Австралијанската полиција денеска на онлајн сајтот „Контаразузнавачки операции“ соопшти дека неколку месеци ги следела активностите на двајца пилоти од Индонезија, за кои имаат основан сомнеж дека се исламски радикали подготвени за Џихад.

Имињата на двајцата потенцијални терористи не се откриваат, но се наведува дека тие работат во авиокомпаниите „Ер Азија“ и „Премиум“.

Австралиските контрарзузнавачи до сознанијата дошле најмногу со анализа на профилите на двајцата пилоти на Фејсбук. За нив федералците од Сиднеј сметаат дека се лица кои ја зарозуваат безбедноста во регионот, пренесува МИА.

Двајцата осомничени завршиле пилотска академија во 2010 година и често ги управувале авионите на летовите од Џакарта и Бали кон Сингапур и Хонг Конг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.