Пилотите на „Луфтханза“ го откажаа штрајкот

Пилотите во германската авиокомпанија „Луфтханза“ го откажаа штрајкот закажан за денеска откако синдикатот соопшти дека има напредок во преговорите со компанијата.

Најавениот па откажан штрајк требаше да ги зафати сите подолги летови од аеродромот во Фрнакфурт кој е еден од најпрометните во Европа.

Пилотите на германската авиокомпанија денеска планираа продолжување на штрајкот кој беше покренат како резултат на незадоволство  на пилотите од новата шема за пензионирање, што ја предложи авиокомпанијата.