Пилотот и авионот се виновни за авионската несреќа кај Меделин

меделин

Во заклучокот на специјалната комисија се вели дека само тие се одговорни за несреќата во која загинаа 71 лице, меѓу кои и 19 фудбалери на бразилската екипа „Чапекоенсе“. Само шест лица го преживеаа падот на авионот.

Преслушувањето на разговотот на пилотот, со контролата на летањето во Колумбија, непосредно пред уривањето, открива дека авионот имал проблеми пред крајот на неговиот долг лет.

Пилотот и соопштил на колумбиската контрола на летањето дека се соочува со „целосен прекин на електриката во авионот, како и со недостиг со гориво“.

Пилотот Мигуел Квирога, кој бил косопственик на компанијата „ЛаМиа“ и кој загина при падот, според истражната комисија во Боливија сега констатира дека „немало паника“ во неговото соопштение дека авионот е без струја, а резервоарите му се празни.

Истрагата констатира дека пилотот одлучил да долета со авионот до Меделин, иако на картата за овој лет, била обележана локација на која требало да дополни гориво.

Боливиските власти, претходно, ги уапсиле Густаво Варгас Виљегас, извршен директор на „ЛаМиа“ и неговит син, кој работел во компанијата, како еден од нејзините функционери, за одговорни за оваа авионска несреќа, но тие двајцата ги отфрлаат обвинувањата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.