Пилотот на „Џет ервејс“ се разболел, патник го преземал летот

Авион на „Џет ервејс“ што со 200 патници летал од Бангкок за Њу Делхи, остана без еден пилот, по што еден од патниците ја презема контролата и авионот беше безбедно приземјен, пишува британски „Мирор“.

Здравстевната сотојба на еден од пилотите се влошила до тој степен што тој повеќе не бил во состојба да управува со леталото, а копилотот Самит Малхотра бил принуден да го преземе авионот и прогласи вонредна ситуација. За среќа, меѓу патниците се наоѓал друг пилот, кој се придружил во пилотската кабина и заедно го приземјиле авионот на аердромот „Индира Ганди“ во Њу Делхи.

Капетанот на „Џет Ервејс“ на летот 9В063 од Бангкок за Њу Делхи се разболел во втората половина од летот. Потоа копилотот ја преземал контролата и прогласил вонредна состојба. Тоа се прави со цел летот да биде приоритетен и да се извршат подготовки за слетување. Авионот е безбедно приземјен на аеродром во Њу Делхи, изјави портпаролот на „Џет ервејс“.