Пилотoт на Андреас Лубиц, кој се смета за виновник за авионската несреќа во француските Алпи, една и пол година посетувал психијатар, пишува германски „Билд“, повикувајќи се на извори во „Луфтханза“ – компанијата мајка на „Џерманвингс“, пренесува Нетпрес.
Францускиот обвинител Марсел Брис Робен соопштил дека според записите од црната кутија падот на леталото е резултат на намерно преземени дејствија на вториот пилот – дваесет и осумгодишниот германски граѓанин Андреас Лубиц.
Информациите засега, се дека тој се заклучил во пилотската кабина, за да не го пупти внатре да влезе капетанот и главниот пилот, и почнал да го спушта авионот, по што удрил во планината.
Според „Билд“, Лубиц ја прекинал обуката на неколку месеци, а причина за тоа биле психичките проблеми кои ги имал. Весникот пишува дека поради депресија Лубиц имал проблеми во обуката во школата за пилоти на „Луфтаханза“ во Феникс, САД. Тој дури привремено бил ставен на листа на пилоти неспособни за летање.
Во неговото досие било напишана забелешка дека тој има потреба од „специјални и редовни медицински прегледи“.
Истата забелешка била наведена и во неговата лиценца за пилот.
Лубиц страдал од депресија, пишува во своето издание весникот „Шпигел“. Во текстот цитирани се и соученици на дваесет и осумгодишникот, кои потврдиле дека тој привремено ја стопирал обуката поради ментална исцрпеност и умор.
Според зборовите на директорот на „Луфханза“, Карстен Шпор, прекинот на обуката на кандидатите е честа појава и од нив се бара да достават цврсто објаснување за тоа. Германските закони, пак, не дозволуваат авио-компанија да добива информации за медицинското досие на пилотот.
Шпор дополнува дека Лубиц имал пауза од неколку месеци, но потоа бил оценет како погоден за обука и ги минал сите физички и психолошки тестови, посочува „Шпигел“.
Германската полиција соопшти дека дошла до важни информации и сознанија при претсрес на домот на Лубиц, пишува британскиот весник „Дејли меил“.
– Истражните органи информираат дека нашле суптествени докази за време четиричасовниот претсрес на домот на пилотот, но прецизираа дека не станува збор за предсмртно писмо, се вели во текстот.
При претресот, германските полицајци од домот на семејството Лубиц во малиот град северно од Франкфурт и во станот на пилотот во во Дизелдорф, заплениле компјутер, лап-топ, и други материјали, пишува весникот и дополнува дека тој живеел и на двете места.
Претставник на полицијата изјавил дека за „Дејли меил“ дека истражните органи нашле нешто кое „може да се покаже како клучно за тоа што се случи“, но не сакал да прецизира за што станува збор.