Пилотот во авионот на Николиќ истурил кафе и активирал погрешен прекинувач

Директоратот за цивилно воздухопловство на Србија пред два дена ја објави официјалната верзија за инцидентот со авионот „фалкон 50“, со кој претседателот на Србија, Томислав Николиќ патувал во Ватикан, пишува српски „Курир“.

– На 17.04.2015 та година авионот „фалкон 50“ се вратил од летот кон Рим, по непланираното (случајно) активирање на „emergency slot extension” прекинувачот , кога за време на летот се угасил моторот број 3 кој бил повторно уклучен после неколку минути. По нормалното слетување на аеродромот во Белград била извршена инспекција со записник. Во текот на попладнето биле направени сите прегледи на свионот и проба на моторите, се наведува во соопштението од Директоратот.

Во извештајот на пилотот и копилотот било наведено дека до случајно активирање на споменатиот прекинувач дошло откако било истурено кафе врз командната табла. Пилотот тогаш почнал да ја брише командната табла и тогаш случајно го активирал прекинувачот. Авионот тогаш почнал да губи височина, но набрзо била воспоставена контрола над леталото.