Магазин

Пинк Флојд по 20 години издава нов албум

Пинк Флојд по 20 години издава нов албум
Бендот Пинк Флојд, по 20 години оваа есен ќе објави нов студиски албум. Новиот албум ќе се вика „The Endless River“ , а ќе биде базиран на студиски сесии на бендот, направени во 1994-та година. 
Последниот албум на Пинк Флојд, „The Division Bell“, беше снимен токму 1994-та, а на него свират Гилмор, Рајт и тапанарот Ник Мејсон. Рик Рајт почина од рак во 2008-та, на 65-годишна возраст.