Pink Friday на Ники Минаж – опојно цветен мирис

Американската раперка која е позната по својот ексцентричен стил Ники Минаж, во соработка со компанијата Елизабет Арден, го лансира својот прв парфем го лансира под името Pink Friday. Воедно со истото име беше насловен и нејзиниот прв студиски албум кој беше објавен во 2010 година.

niki_m_2

– Pink Friday е прослава на мојот живот ваков каков што е во овој миг, тој е рефлексија на мене како креаторка и израз на мене како жена. Знам дека моите обожаватели со ова ќе го поврзат и ќе го ценат секој аспект – од името, до неверојатниот дизајн на шишето, до живите бои што создаваат сопствена песна. Pink Friday ги прикажува мојата личност и стил, а мошне возбудливо е да го изразиш својот глас низ друга димензија, изјави Ники.

Мирисот е опојно цветен в о кој се мешаат разиграни овошни ноти, розеви цветни ливчиња, кремаста ванила. Тој се отвара со сочни ноти на италијанска мандарина и хибрид од капина и малина. Во срцето се наоѓаат ливчиња на лотус и ѕвезден јасмин, а основата ја прават карамелизирана круша, ванила, дрвени ноти и мошус.

Дизајнот на шишето е нешто како биста на Ники, се состои од торзо и глава со познатата розева перика, а дизајнот е на Ланс Мекгрегор.

Парфемот е достапен како тоалетна вода од 50 и 100 ml, заедно со лосион за тело и парфем за коса.