Pink Friday на третото место на најпродавани парфеми во историјата

Парфемот Pink Friday ја освои наградата Cosmo Beauty Awards во 2013 та година за најдобар мирис, а веднаш откако беше пуштен во продажба тој се искачи на третото место на најпродавани парфеми во историјата, веднаш зад Coco Chanel No.5 и Coco Mademoiselle.

Pink Friday e првиот парфем кој американската раперка Ники Минаж, го лансира во соработка со компанијата Елизабет Арден.

Дизајнот на шишето е нешто како биста на Ники, се состои од торзо и глава со розева перика по која е препознатлива и раперката.

Сличен дизајн на шишето беше искористен и за нејзиниот втор парфем Minajesty кој беше лансиран минатата година.