Пинк со остри критики до Кардашиан: Жените би требало да го користат мозокот

Пинк остро ја критикуваше Ким Кардашиан така што го објави „повикот до сите жени“ што ги користат своите „мозоци“, „сила“ и „работна етика“, наместо своите „ц..ки“ и „задници“.

Оваа прозивка следеше само неколку часа откако Ким објави есеј на својата веб страна за тоа како се чувствува моќно поради нејзиното „тело“ и „сексуалност“ и повика на ставање крај на „срамот од телото“.

Иако Пинк не го спомена името на Ким, според тајмингот и важноста на објавата може да се процени дека истата е насочена кон риалити ѕвездата која во последните два дена објави две разголени фотографии на социјалните мрежи.

Користејќи го Меѓународниот ден на жените како повод, пејачката на Твитер напиша:

Апел до сите жени во светот, да ги користат мозоците, силата, работната етика, талентот, својата „магија“ со која што се родени, која што само тие ја поседуваат. Можеби никогаш нема да ви донесе толку „внимание“ или толкава сметка во банката како што тоа ќе го направи користењето на вашето тело, полот, градите и задникот, но на жените како што сте вие, не им е потребен таков вид „внимание“. Во тие мигови ќе почувствувате нешто подлабоко од возбудување, ќе почувствувате нешто што се нарекува гордост и самопочит. Продолжете да му се спротивставувате на тој порив. Никогаш нема да морате да измислувате смешни, изговори, заклучи Пинк.