„Пинк Пантер“ го извршиле најголемиот грабеж во Велика Британија

Членови на криминалната група „Пинк Пантер“, маскирани во ѓубреџии го извршиле најголемиот грабеж во Велика Британија.

Тие украле злато и пари од 72 сефови и ги изнеле во вреќи за ѓубре. Се проценува дека биле украдени пари, накит и вредни предмети во вредност од 80 милиони долари, но според некои проценки оваа сума може да достигне и 300 милиони долари, бидејќи голем дел од сопствениците на сефовите не кажуваат прецизно што чувале.
Дополнително, истрагата утврдила дека во саботата бил активиран и алармот, но британските полицајци одлучиле да го игнорираат, па грабежот е откриен по завршувањето на велигденските празниици.

Се претпоставува дека имале крт во трезорот бидејќи го знаеле планот на зградата и каде да го дупчат ѕидот за да стигнат до дијамантите. Грабежот се случи ноќта меѓу 4 и 5 април кога се славеше католичкиот Велигден.

Бандата е составена  од членови од Србија, Црна Гора и Хрватска. Се смета дека извршиле повеќе од 100 грабежи во Европа, Дубаи и во Јапонија.