Свет

Пинк пантери за 48 секунди украле накит вреден 400.000 евра

Пинк пантери за 48 секунди украле накит вреден 400.000 евра

Петмина српски државјани, членови на бандата Пинк пантер уапсени се во Барселона за време на грабеж на златарница, од која за само 48 секунди изнеле накит вреден 400.000 евра, соопшти вчера шпанската полиција.

Уапсените се фатени на дело, во момент додека бегале од златарницата, а едниот од нив имал револвер и се обидел да понегне до блиската улица, каде полицијата го запрела испукувајќи два куршума во воздух.

Три лица се уапсени во близина на златарницата, а неколку минути подоцна и четвртото, кој прво успеал да побегне.

Полицијата во соопштението објаснува дека во понеделникот од германските власти добила информација за ненадејното доаѓање на еден српски државјанин, близок до Пинк пантерите, од Белград во Барселона.

Акцијата е изведена во соработка со германската полиција и белградски Интерпол, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на шпанската полиција.