Пино “раскина” со ЖРК Вардар

Французинката Алисон Пино повеќе не е член на ЖРК Вардар, откако спогодбено го раскина договорот со македонскиот шампион.

Иако имаше договор до 2016-та година, сепак раководството на тимот и Пино се договорија за предвремен прекин на соработката.

“Француската ракометарка Алисон Пино повеќе не е член на екипата на Вардар. Двете страни се договорија за предвремено раскинување на договорот кој имаше важност до 2016 година”, стои во соопштението од клубот.

Француската репрезентативка пред почетокот на новата сезона замина на операција на коленото и не одигра ниту еден натпревар во Лигата на шампионите.