Спорт

Пино: Со тимска игра до победа над Савехоф

Пино: Со тимска игра до победа над Савехоф

Македонскиот ракометен шампион  во женска конкуренција ЖРК Вардар СЦБТ, денеска (15.30 ч) му гостува на шведскиот Савехоф. Овој натпревар е дерби во првата четвртфинална група воЛигата на шампионите а тоа го потврди и Алисон Пино. Бекот на “црвено – црните”, истакна дека на овој натпревар ќе мора да играат тимски доколку сакаат да победат.

“Мислам дека ќе биде тежок натпревар, играме на гостински терен, а ова е Лига на шампиони, и тука нема лесен противник. Мора да играме тимски, како единка, односно како што ние најдобро знаеме. Доколку имаме таков пристап на натпреварот, сигурна сум дека ќе оставриме позитивен резултат. Не очекува борба до самиот крај”, изјави Пино.