Спорт

Пино веднаш си најде нов клуб

Пино веднаш си најде нов клуб

Алисон Пино, довчерашната ракометарка на ЖРК Вардар, само два дена откако го раскина договорот со македонскиот шампион, си пронајде нов клуб.

Европскиот шампион Ѓер е следниот клуб за кој Пино ќе настапува во следните две години.

Таа ќе биде замена за Анита Горбич која поради бременост оваа сезона ќе паузира со активно играње. Дебито за својот нов клуб ќе го има за еден месец, бидејќи во моментов французинката се опоравува од повредата која ја заработи како член на Вардар.