„Пинокио“ слави 75 години

Приказната за Пинокио е напишана во 1881 година од Карло Колоди, а студио Дизни во 1940 година ја преточи во цртан филм

„Приказна за куклата“ првично беше наменета за возрасни и излегуваше во продолженија, а Колоди подоцна ја преработи во приказна за деца и ја нарече „Пинокио“.

Од оригиналната приказна за дрвената кукла на која и расте носот секогаш кога лаже, неговите авантури и желби да стане „вистинско момче“ која на крај и успева, Волт Дизни исфрли некои палавости на главниот јунак и го направи привлечен на публиката.

Гласот во цртаниот филм му го позајмува Дики Џонс, а овој филм важи за еден од најдобрите кои излегле од студиото на Дизни.