(ФОТО) Пинтија ќе добие градинка

Во скопската населба Пинтија денеска ќе почне изградба на градинка.

На поставувањето камен-темелник присуствуваа министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ.

Почетокот на изградбата на градинката е во рамки на одбележувањето 60 години од постоење на општина Кисела Вода.

gradinka-pintija3

Министерот Спасов посочи дека оваа  инвестиција претставува инвестиција во иднината на идните генерации и дека општина Кисела Вода на чело со градоначалникот Билјана Беличанец Алексиќ покажа дека е вистински пример како треба да се работи во насока на зголемување и надградување на постоечките капацитети за згрижување на деца од предучилишна возраст.

„Ова е многу важна инвестициија за овој дел од pпштината, односно за населеното место Пинтија што е и практично долгогодишно барање на жителите на ова населено место. Денес започнува да се реализира овој проект.  Очекуваме до крајот на оваа година или почетокот на следната година овде на ова место да има една нов прекрасен објект, една нова детска градинка.  Оваа инвестиција е во најголем дел инвестиција  на Општина Кисела Вода што целосно ќе го изгради овој објект, а ние како Министерство за труд и социјална политика дадовме поддршка во реализација на овој проект односно во целосно опремување на новиот објект кој што ќе биде изграден со инвестиција од 4.000.000 денари само за опремувањето, додека пак останатиот дел е инвестиција на општина Кисела Вода” објасни Спасов.

gradinka-pintija1

„Министерството за труд и социјлна политика изминатиот период преку низа инвестициски активности покажа  дека  приоритет е континуираното зголемување на капацитетот на згрижување на деца од предучилишна возраст и континуираното отворање на нови објекти. За период од околу две и пол години отворени се околу 30 нови објекти  во различни општини ширум Република Македонија а со исто темпо ќе се продолжи и во наредниот временски период со инвестиции во повеќе од 10 општини.

 

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Биљана Беличанец Алексиќ рече дека градинката ќе се протега на 480 метри квадратни, ќе биде со капацитет меѓу 80-90 дечиња ќе биде со 3 занимални за деца на возраст од 3-6 години и една занимална јасли.

gradinka-pintija2

Градбата на градинката е целосна инвестиција на oпштина Кисела Вода во износ од над 18,5 милиони денари.