Пинтија ќе добие градинка

Во просториите на општина Кисела Вода денеска се одржа состанок помеѓу градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ и Бранко Лазаревски, претставник од Министерството за труд и социјална политика.

На оваа работна средба, на кој присуствуваше и тим од општината, се говореше околу можноста за реализација на проект за изградба на детска градинка во населба Пинтија, информираат од општина Кисела Вода.

Објектот ќе се наоѓа во непосредна близина на подрачното ОУ „Рајко Жинзифов” и ќе има капацитет од 80 дечиња.

Изградбата на градинка во населбата Пинтија е предвидена со програмата за социјална заштита и социјална превенција на градоначалникот Беличанец-Алексиќ.

Истата треба да обезбеди можност за прифаќање на дечињата во градинка, која би се наоѓала во непосредна близина на нивниот дом, а ќе се растоварат и капацитетите во постоечките градинки.