Економија

ПИОМ од денеска ќе почне со блокирање на сметките на 6.000 фирми

ПИОМ од денеска ќе почне со блокирање на сметките на 6.000 фирми
Од ПИОМ објаснуваат дека овие фирми не ја искористиле можноста долгот да го исплатата на рати и без камата

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од денеска ќе почне со блокирање на сметките на над 6.000 фирми кои не го исплатиле долгот за пензиско и инвалидско осигурување направен до 2008 година.

 

Од ПИОМ објаснуваат дека овие фирми не ја искористиле можноста долгот да го исплатата на рати и без камата.

 

За мерката се пријавиле 1426 физички и правни лица , но ја исполниле навреме 766 на број, во најголемиот дел фирми, но и адвокати, земјоделци, попови и оџи. Вкупно, подмириле обврски за пензиско и инвалидско осигурување во висина од 4,4 милиони евра, при што фондот им ги отпишал каматите за кои ќе требало вкупно да платат дополнителни 3,9 милиони евра.

 

Директорот на Фондот, Беким Незири вели дека оваа институција во моментов има побарувања од над 160 милиони евра, а од неплаќачите  може да наплатат само 37 милиони бидејќи останатиот дел од долгот се од фирми кои се веќе ликвидирани, во стечај или неактивни.

 

Меѓу оние за кои се смета дека можат да платат, се наоѓаат бројни јавни државни и локални претпријатија.  На списокот се наоѓаат фирми како АДГ „Трудбеник“ од Охрид, АД „Маврово“ од Скопје, „Комуналец“ од Гостивар, „Комунална Хигиена“ од Радовиш, Земјоделски комбинат од Струга, „Машинопромет“ и многу други.