Пипа Миделтон конечно призна, изгледав премногу добро на кралската венчавка

На венчавката во 2011 година на принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ, Кетрин како што и се очекуваше главни ѕвезди беа младенците. Но како големо изненадување се појави и Пипа Миделтон, помладата сестра на Кејт Миделтон. Во преубав фустан на Александар Меквин оваа девојка, според многумина ја засени невестата.

Како што британските медиуми пишуваа, очите беа вперени во младенците, но погледот кон Пипа беше неизбежен. Триесетгодишната колумнистка и организаторка на забави на венчавката изгледаше како да не беше свесна за толкаво внимание. Дури неодамна ја прокоментира својата спектакуларна појава.

„Драго ми е што се вклопив во венчавката, но кога ќе погледнам наназад, можеби и премногу добро се вклопив,“ прокоментира Пипа и на шега додаде дека е воодушевена од нејзниот изглед како напред така и позади, за на крај, фокусот да биде на задниот дел на фустанот.

И додека на венчавката блескаше, во литературните води немаше толку среќа. Пипа, на неодамна одржаниот собир „ Жените во маркетингот и комуникациите“, откри дека ја погодиле негативните критики за нејзината книга „ Celebrate”. Сепак харизматичната Пипа, ги воодушеви учесниците на овој настан.

„Ова беше првпат Пипа да држи говор на еден ваков собир, но тоа да не се забележува, беше опуштена. Неверојатно колку беше директна, тоа никој не го очекуваше,“ пренесува „Мирор“