Пипан се врати во МЗТ скопје

Словенечкиот стратег Алеш Пипан повторно седнува на клупата на МЗТ Скопје, потврди тимот од Аеродром.

Тој пред само неколку дена доби отказ од Олимпија поради лошите резултати.

Пипан ќе биде петиот тренер на „Штрковите“ оваа сезона по Змаго Сагадин, Врбица Стефанов, Боби Митев и Александар Јончевски.

Интересно е тоа што Пипан ќе дебитира против неговиот довчерашен тим Олимпија која во рамките од АБА лигата во недела гостува во СЦ „Јане Сандански“.