„Пипл“: Џенифер Анистон е најубава жена во 2016.

Американскиот магазин „Пипл“ ја прогласи глумицата Џенифер Анистон за најубава жена во 2016 година, дванаесет години откако ја понесе истата престижна титула.

Анистон (47) изјави дека е „многу, многу почестена“ со тоа што е повторно именувана за најубава и дека била многу возбудена, како тинејџерка, кога ја слушнала веста.

Во последните три години за најубави жени се прогласени Сандра Булок, Џенифер Лопез и Лупита Нионго, пренесува Хина.

Анистон, која минатата година се омажи за глумецот Џастин Теро, изјави дека почнала да води грижа за својот излед на почетокот на својата кариера, откако агентот и рекол дека не ја добила улогата бидејќи е „премногу полничка“.

Таа призна дека до тогаш се хранела ужасно.

Сега вежба најмалку шест пати неделно и води грижа за исхраната, но вели дека веќе не е толку строга кон себе и дека си дозволува  уживање во нејзините омилени слатки.