Спорт

Пипо Инзаги нов тренер на Милан

Пипо Инзаги нов тренер на Милан

 

Најважната одлука која била донесена на последниот сотанок помеѓу сопственикот на Милан, Силвио Берлускони и главниот оперативец на “росонерите”, Адријано Галијани е таа дека седумкратниот европски клупски шампион има потреба од нов тренер со кој Милан во најбрз можен рок ќе се врати на победничката патека и во Лигата од шампиони.

Италијанските медиуми потврдија дека Берлускони прво го нагостил Галијани во една од многуте вили кои ги има во Италија, а после неколку часа пристигнал предводникот на младинскиот тим на Милан, легендарниот напаѓач, Филипо Пипо Инзаги кој за неколку дена и официјално ќе биде именуван за нов предводник на “росонерите”.
Во следните неолку дена потпретседателот, Адријано Галијани ќе има состанок со холандскиот стручњак, Кларенс Сидорд и за време на истиот ќе го информира дека повеќе не е тренер на Милан.