Пипо му ги прости сите глупости на Балотели

Не само што сака да го извлече најдоброто од него, новиот тренер на италијанскиот калчо гигант Милан, Филипо Пипо Инзаги, откри дека веќе му ги има просетно сите глупости и гревови на контроверзниот напаѓач, Марио Балотели.

“Балотели е многу важен фудбалер за мене и тој е во сопственост на Милан. Кај мене нема привилигирани фудбалери, ќе добие ист третман како и останатите фудбалери. Ќе ги заборавам сите коментари, сите текстови, сите непријатни сцени. Ќе заборавам се добро и лошо кога е во прашање Марио Балотели. Сакам убаво да го запознаам, сакав да видам за каков човек станува збор, сакам да го извлечам најдоброто од Марио Балотели. Клубот секогаш го има последниот збор, но за мене, Марио е талентиран фудбалер, кој игра за Милан и за репрезентацијата на Италија. Во новата сезона ќе игра како главен напаѓач, заедно со Пацини”, изјави Инзаги.