Пирамиди пронајдени на дното на Бермудскиот триаголник

Во центарот на Бермудскиот триаголник се пронајдени две џиновски подводни пирамиди, направени од дебело стакло.

Овие чудни градби на длабочина од 2 километри се идентификувани со помош на океанографот Мејер Ферлаг. Војската ги запрела сите понатамошни истражувања.

Мејер верува дека тајните и чудни пирамиди во центарот на триаголникот би можеле да ги откријат сите мистериозни исчезнувања на бродови и авиони. Прашањето на кое никој нема одговор е како тие пирамиди се направени, со какво орудие, на дури 2 километри под вода.

Овие вести беа сензационални на конференцијата во Флорида. Новинарите тогаш добиле многу фотографии и високорезолуциски компјутерски податоци кои ги покажуваат тродимензионалните пирамиди без никакви агли или пукнатини.

Сега се наметнува прашањето зошто целиот случај е затворен од страна на војската. Сите податоци се блокирани, а понатамошните истражувања ќе се вршат под надзор на високите чиновници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.