Пирани убија шестгодишно девојче во Бразил

Шестгодишно девојче почина откако беше нападнато од пирана за време на одмор во Бразил. Девојчето се шетало со кану по реката Рио Мајкуру, заедно со баба си и со други деца, кога кануто им се превртело и паднало во водата. Додека да биде извадено од вода, рибите-убијци успеале да и го изгризаат целото месо од нозете.

По ужасниот инцидент, локалните медиуми ја цитираат бабата на девојчето, која вели:

– Се обидов да ја задржам, но од сите деца околу мене, таа ми се лизна од рацете. Кога стигнавме до брегот, веќе не ја гледав.

Бабата веднаш повикала помош. Локалните луѓе дошле, но додека да го извадат телото на девојчето, тоа веќе било делумно изедено, соопшти бразилскиот медиум „Глобо“.

Телото на девојчето е предадено во локална мртовечница, по што е предадено на нејзините родители. Полицијата го испитува случајот, но основната верзија е дека станува збор за несреќен случај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.