Пирати повторно „оперираат“ во Јужното Кинеско Море

Минатата ноќ пирати нападнале и ограбиле малезиски танкер во делот на Јужното Кинеско Море што се наоѓа меѓу Малезија и островот Борнео.

Ова е деветти напад на пирати во овој дел на Јужното Кинеско Море годинава.

Пиратите напаѓаат ноќе, го земаат товарот и ги уништуваат уредите за комуникација. Досега немало човечки жртви при ваквите напади.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.