Пирес: „Топџиите“ можат до првенствената титула

Еден од Французите кои што се прославија во составот на Арсенал Робер Пирес, разбирливо навива за клубот од „Емирати“.

Славниот фудбалер порача дека тимот на Арсен Венгер оваа натпреварувачка кампања може да ја освои шампионската титула во домашното првенство.

Пирес беше дел од шампионскиот состав на Арсенал, кој што во 2004-та година го стори ова без пораз во натпреварувањето.

„Арсен Венгер сезонава може да се пофали со квалитетен тим, дојдоа Алексис Санчез и Дани Велбек. Мојот клуб е подготвен за шампионскиот наслов во Англија“, вели Пирес.

„Топџиите“ во пет рунди успеаја да освојат девет бодови и се на четвртото место на првенствената табела, на чиј што врв е составот на Челзи.