Пирло (не)заинтересиран за Реал (М)

Легендарниот репрезентативец на Италија и фудбалерот кој е најзаслужен за последните две титули на Јувентус во италијанската Серија А, Андреа Пирло, експресно ја демантираше последната шпекулација дека размислува за преселба во редовите на шпанскиот гигант Реал (М).

“До сега не сум имал некаков контакт со раководните лица на Реал (М). Точно дека често разговарам со тренерот на “кралскиот клуб”, Карло Анчелоти, но разговараме за сосема различни теми. Одлично се чуствувам во Торино и не планирам некаква промена на клупската средина. Се уште преговарам со челниците на Јувентус околу новиот договор и повторно ќе седнеме на преговарачката маса. Сега морам да се фокусирам на фудбалските натпревари, но има премногу причини поради кои сакам да останам во редовите на Јувентус. Можно е да ги исполнам сите зацртани цели во дресот на Јувентус”, изјави искусниот играч за врска.