Пирло замина во пензија но чека повик од новиот селектор

Искусниот играч за врска, Андреа Пирло потврди дека става крај на неговата репрезентативна кариера, но додаде дека е можно повторно да го обелче националниот дрес на Италија доколку добие покана од новиот селектор на “азурите”.
Репрезентацијата на Италија доживеа срамна елиминација во групната фаза од Мундијалот во Бразил, а по натпреварот против селекцијата на Уругвај, неотповиклува оставка понесе сега веќе поранешниот селектор, Чезаре Прандели.

„Одлучив за сега да ја напуштам репрезентацијата, но можеби ќе се вратам ако ме повика новиот селектор. Целосно нема да ја затворам репрезентативната врата, но време е некој помлад да игра на мојата позиција. Јас сум тука, секогаш ќе и помогнам на Италија, под услов новиот селектор да има потреба од моите услуги”, изјави Пирло за „Кориере дело Спорт“.
Фудбалерот на Јувенту, репрезентативниот дрес го облече во 2002 година, а на 112 натпревари има постигнато 13 погодоци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.