Пирова изборна победа на ГЕРБ во Бугарија

Бугарија се исправи повторно пред политичка несигурност, откако изборите за третата по ред влада во изминативе две години ги доби ГЕРБ – партијата на Бојко Борисов, објавува новинската агенција АФП.

За бившиот телохранител со црн појас по карате, ова е една пирова победа. Црвстиот политичар, кој си поднесе оставка од функцијата премиер во февруари 2013 година, сепак на крајот не успеа да добие апсолутно мнозинство во парламентот.

„Сакам да управувам“, изјави 55-годишниот Борисов, и во еден драматичен стил додаде дека алтернативата би била „нови избори“ или „банкрот“ за најсиромашната земја во Европската унија.

Останува неизвесно дали тој ќе успее да направи коалиција за да добие доволна поддршка во парламентот кој бори 240 пратеници.

Вторите предвремени парламентарни избори во Бугарија, за период од околу 17 месеци, не предизвикаа голем интерес, пишува луксембуршкиот весник „Тагеблат“.

Активноста на избирачите забележа еден негативен рекорд. Оваа балканса држава е во најдлабоката своја криза од присоединувањето кон ЕУ во 2007.

Новата влада ќе треба да изигра важна улога во реализацијата на проектот „Јужен Поток“ со Русија. ГЕРБ, како и социјалистите, категорично се држат до него. Но, конзервативците сакаат делницата на гасоводот низ Бугарија да биде изграденапо сите стандарди на ЕУ. Раководството на социјалистите, кое се повлече од власта, ги замрзна подготовките за изградба на „Јужен Поток“.

Гасоводот треба да ја заобиколи Украина, која западна во криза, и да ги гарантира руските доставки на гас за Јужна и за Централна Европа.

Победникот на бугарските парламентарни избори, Бојко Борисов, ја поларизира нацијата, коментира австрискиот весник „Тиролер Тагесцајтунг“. За време на своето владеење, Бојко Борисов, ја насочи енергијата кон борбата против организираниот криминал и кон стриктното придржување кон строга финансиска дисциплина. При тоа тој навистина ги исполни барањата од Брисел и успеа да го задржи буџетскиот дефицит под три отсто, со што ги надмина социјалните потреби на Бугарите.

Харизматичниот лидер, осум години откако ја основа партијата ГЕРБ, продолжува да е нејзната најважна движечка сила. Педесет и петгодишниот поранешен пожарникар, кој бил и телохрснител на последниот комунистички диктатор на Бугарија, Тодор Живков, но и на царот Симеон Сакскобурготски, во 2001 година дојде до највисоката полициска функција во земјата. Поради одличната кампања насочена против организираниот криминал, тој за кусо време стана љубимец на нацијата. По своето прво појавување во политиката, тој успеа да ги подели Бугарите. За неговите критичари тој е само еден неук телохранител и „мускулесто тело со манталитет на тепач“. Неговите поддржувачи, пак, го гледаат како „еден од нас“. Борисов, дури и кога беше премиер, се појавуваше во јавноста облечен во маички и  фармерки, а кога зборува, постојано употребува обичен секојдневен народен јазик.