Писателите ќе дебатираат за состојбата на книгата

Писателите ќе дебатираат за состојбата на книгата

На редовното Годишно собрание на Друштвото на писателите на Македонија, што ќе се одржи денеска во 13 часот, ќе се расправа за актуелните аспекти на состојбата на книгата.

Воведен збор на дебатата ќе има претседателот на Собранието на ДПМ Раде Силјан.

„Друштвото на писателите на Македонија оценува дека кризата негативно  се одразува на состојбата на книгата во сите фази, почнувајќи од нејзиното создавање, преку објавувањето, дистрибуцијата, продажбата и читањето. Ваквата ситуација доведува и до нарушени критериуми во материјалното и естетското вреднување на делата, а тоа може да остави долгорочни негативни последици во литературата и издаваштвото. На проблемот треба да му се пристапува комплексно, со изградена стратегија, во која своја улога ќе имааат Друштвото на писателите на Македонија, Здружението на издавачите, книжарските работници, библиотеките и државните институции  задолжени за оваа дејност“ , се вели во соопштението од ДПМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.