Пишев: Буџет не се коментира од јахтите во Грција или пак од семејната вила на Заев во Грција

На денешната седница на Собранието на РМ на која се расправаше по предлогот на ребалансот на Буџет за 2015 година, пратеникот и член на Комисијата за финансирање и буџет, Васил Пишев ја обвини опозицијата за својата неодговорност бидејќи не присуствува на седниците особено кога се носи најважниот документ во државата -Буџетот.

Тој потсети на нивните тврдења околу Буџетот како на пример дека во Македонија нема странски инвестиции, дека земјава ќе банкротира и дека е задолжена државата многу високо, но тие тези на крајот, како што рече, испаднаасамо невистини и лаги, пишува „Курир“.

Вака суштински ако погледнеме ребалансот е доставен заради изразениот суфицит во него кој е резултат на добрите економски политики на Владата, исто така попрецизно ако погледнеме овој суфицит се распоредува во развојни капитални компоненти кои пак посебно оваа година заземаа силен замав и засилна динамика. Заради сето ова да има една јасна комплетна слика ние, а и граѓаните, јас би сакал да се вратиме само за момент една година наназад само заради тоа што секој пат кога се носи буџет, или ребаланс некој како просто да обожава да креира невистини и манипулации, и сака да ги подлажнува граѓаните на Република Македонија. Јас разбирам дека кога се носи буџет или се прави треба да има критики, коментари, дебати и прогнози и токму заради тоа сакам да се навратам на неколку такви изјави за да нели видиме дали буџетот го издржал предизвикот на времето, рече Пишев.

Воедно, посочи дека пред опозицијата да ја искреира политичката криза, стигнало демант од релевантините институции како Светска Банка, ММФ и ЕБОР.

Тие  Македонија ја ставија во своите анализи како земја која може да оствари најголем економски раст во Европа, Македонија беше највисоко рангирана во креирање на нови работни места, и исто така Македонија беше рангирана во ниско или умерено задолжена земја. Замислете Македонија да го имаше најголемиот економски раст во Европа, тоа ќе беше исторски момент, одличен сигнал за инвеститорите, многу отворени работни места и слично. Тоа ќе беше одлично за државата, народот, Владата, но не и за деструктивната опозиција. Но, се случи кризата, политички мотиварана која во нејзината суштина лежеше идејата ова да не се оствари, такви методи креираше СДСМ, мислејќи дека со економската стагнација ќе предизвика уште поголем револт кај граѓаните. Политичката криза заврши, неколку инвестиции можеби се одложија, се почувствува мала стагнација во стопанството, но Буџетот го издржа тестот на времето, овој буџет прокнижи суфицит, и тоа солиден суфицит ако ги земеме предвиг економските текови во Европа, посебно мислам на случувањата во Грција, но и домашните случувања, посочи пратеникот.

Тој рече дека треба да се погледне како се распоредува суфицитот, и одговори дека тоа е во капитални инвестиции.

Да потсеетам дека следи ново зголемување на платите и пензиите и слични мерки, и сума сумарум Владата на РМ преку овој ребаланс на буџет останува силно посветена на економскиот раст, на зголемување на вработеноста, на зголемувањето на стандардот на граѓаните, на нови странски инвестиции, на развојните капитални инвестиции и слични мерки.Ако се продолжи со ваква динамика мислам дека Македонија оваа година  ќе биде помеѓу првите три земји во Европа со солиден економски раст. На крај на големите „душебрижници“ и големи експерти од СДСМ сакам да им порачам, дека ако менувачницата на братот на Зоран Заев работи со маржа по 1 евро не значи дека се големи експерти во економијата, дека буџет не се коментира од јахтите во Грција или пак од семејната вила на Заев во Грција, ниту пак е релевантно да се коментира ако цел општински буџет ти е предвиден за вработување на фамилиите од својот партиски бастион на Струмица, ниту пак држат коментарите од човекот кој зад себе во својот нов мандат има 0 проекти зошто парите нели одат за кампери и партиски и фамилијарни вработувања. Идат избори, да потсетам, ВМРО – ДПМНЕ победи во Струмица во 2014 година, еве кај е и Април 2016, заклучи Пишев..