Пишев: Колку и да кријат од СДСМ, ДУИ неколку пати потврди дека Заев ја прифатил платформата во целост

Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ денес на продолжението на Контитутивната седница  на Собранието на Република Македонија нагласи дека Зоран Заев сакајќи да ја избегне правдата и да ги скрие своите криминали морал да прифати се од Тиранската платформа.

Знаејќи дека треба да одговара за своите криминали на кои беше сведок целата македонска јавност, Заев се одлучи да тргува со државните и националните интереси само за да се спаси од затвор, рече Пишев.

Пишев им посочи на пратениците од СДСМ дека колку и да пробуваат да кријат што се прифатиле, нивните колеги од албанските партии во неколку наврати кажаа дека Заев во целост ја прифатил Тиранската платформа која што ќе значи комплетно редефинирање на државата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.