Пишев: Македонија не заслужува да има премиер како Заев

пишев

Заев на своите промотивни видеа се претставува како човек кој доаѓа од чесна фамилија. Го повикувам да одговори за чесноста на неговата фамилија- дали татко му на Заев има судска пресуда за крадење на струја, дали татко му има судска пресуда за затајување на данок, дали братучет му има судска пресуда за затајување на данок. И на крај го повикувам Зоран Заев ако е толку чесен како човек и претендира да биде премиер на Македонија да одговори зошто не ја отповика аболицијата пред неколку месеци. Заев имаше можност да побара да се симне неговата аболиција, но тој тоа не го направи бидејќи неговиот образ не е чист, тој направи криминал, потенцираше Пишев.

Можеме да констатираме, додаде тој, дека единствен политичар во Македонија или во овој дел на Европа кој е аболициран за криминал е Зоран Заев. Македонија не заслужува да има премиер кој е аболициран за криминал.