вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 15

Пишев: Намерите на Заев може да имаат несогледливи последици по Македонија!

Македонија не заслужува лидер на опозиција кој е спремен преку крв да си се заштити сам себе, истакна Пишев.

vasil-pisev

Последни вести

Од досегашните изјави, настапи, интервјуа и говори на Зоран Заев, ние од ВМРО ДПМНЕ дојдовме до конкретен заклучок. Зоран Заев е опасност за Македонија – со овие зборови кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Пишев, ја започна прес конференцијата.

Интегрален текст од прес конференцијата на Васил Пишев: 

 

Од досегашните изјави, настапи, интервјуа и говори на Зоран Заев, ние од ВМРО ДПМНЕ дојдовме до конкретен заклучок.

Зоран Заев е опасност за Македонија.

Овој профил на политичар со своите изјави и намери може да предизвика инциденти со несогледливи последици по Македонија.

Може да предизвика конфликти и поделби кои на Македонија и на Македонецот ќе им се нанесе огромна штета, а соживотот и унитарноста можат да бидат сериозно загрозени.

Ние од ВМРО-ДПМНЕ знаеме на што се е спремен Зоран Заев за да си ја задржи партиската фотелја.

Во изминатиот период бевме сведоци како Зоран Заев оштетува државен имот.

Пред неколку изборни циклуси сите го слушнавме како рече дека ЌЕ СЕ ПУКА .

Пред некој ден на телевизиско интервју јасно кажа за некаков план за загинување на политичари.

Почитувани,

Се обраќам до лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Со оглед на сите анкети, СДСМ ќе ги изгуби изборите.

Зоран Заев да се помири со тие резултати,

Клучните институции кои гарантираат фер, демократски и кредибилни избори се во рацете на Заев и СДСМ.

Зоран Заев на 11 декември да ги признае изборните резултати кои ќе бидат одраз на желбата на македонските граѓани и да не му паѓа на памет да потикнува црни сценарија.

Македонија заслужува просперитет.

Македонија не заслужува лидер на опозиција кој е спремен преку крв да си се заштити сам себе.

Најчитани вести