Пишев: Нема нови аболиции за Заев, тој ќе мора да се соочи со правдата

Аболицираниот криминалец Зоран Заев продолжува да се крие и да молчи за најновиот огромен скандал во општина Струмица.
Ова денес го истакна на прес конференција пратеникот на ВРМО-ДПМНЕ, Васил Пишев.-Заев уште еднаш е фатен на дело. Противзаконска легализација на комплексот кај Цареви Кули е уште еден криминал за Заев за кој ќе мора да одговара. Легализирањето на  објектот со потпис на Заев после законски предвидениот рок е уште едно парче во мозаикот на криминалите на Заев во Струмица.
Во овој случај е јасно како ден дека аболицираниот криминалец Зоран Заев сторил кривично дело за кое ќе мора да се соочи со правдата и од тоа бегање нема.
Нема да има нови аболиции за Заев, ќе мора да се соочи со правдата и законите, вели тој.
Пишев посочи дека јавноста се прашува дали комплексот кај Цареви Кули во сопственост на долгогодишниот пријател на Заев, Коце Ристовски, е легализиран по методот „едно евро за Вицето“, за кој аболицираниот криминалец Заев е обвинет во случајот „Поткуп“ или повеќе е веројатно дека лицето Коце Ристовски е само параван позади кој се крие вистинскиот сопственик на комплексот, Зоран Заев.
-Кој е мотивот и колкав е профитот на Заев од незаконската легализација? Јавноста добро знае дека преку мрежата на кланот Заеви милиони евра народни пари се директно во фирмите на Заев и нивните најблиски соработници, како што е долгогодишниот пријател на Заев, Коце Ристовски.  Јавноста дозна дека Заев на фирмата „Чан чифлик голд“ ДООЕЛ Струмица во сопственост на Коце Ристовски и овозможил да склучи договори за јавни набавки и преку општинските јавни претпријатија во вредност од 840.000 евра за набавка на споменици, одржување цвеќарници, изградба на тротоари, поплочување, чистење на банкини, користење на вилушкари, уредување на раскрсници и што уште не. Коце Ристовски е послушник на сите наредби на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Овој тандем заеднички членувале во тендерските распределби и противзаконски го легализирал објектот кај Цареви Кули, а Коце Ристовски за да ја покаже благодарноста на Заев за сите противправно стекнати средства, учествувал во шарените циркуси и перформанси како што вели Заев на СДСМ во Скопјe. Ова е човекот кој вандализирајќи го државниот имот на Република Македонија и нанесувајќи му штета која ќе ја плаќаат граѓаните на нашата држава, рече тој.
pisev-slika-
Коце Ристовски, сопственикот на хартија на дивоградбата кај Цареви Кули не само што се стекнал со огромно богатство и со противправна легализација на дивоградба, додаде Пишев, туку уште и бесправно прави штета на државен имот за да го заштити неговиот долгогодишен пријател Зоран Заев и за да продолжат со криминалната соработка и грабеж во Струмица.
-Заев може да се крие и зад Коце Ристевски и зад кого сака, но бегање од правдата нема. Аболицираниот криминалец Заев ќе мора да одговара за сите зулуми и за сите пари кои ги украл од граѓаните на Струмица и Република Македонија. На Заев ќе му судат и институциите, но и граѓаните на Република Македонија на следните парламентарни и локални избори. Поради криминалите како „Глобал“, „Поткуп“, тендерските грабежи и противзаконските легализации како оваа кај Цареви Кули, Зоран Заев не само што ќе биде историја и дамка од којашто ќе се срамат сите граѓани на Република Македонија, туку ќе има неколку последователни мандати зад решетки. Нема бегање од правдата, таа ќе го стигне Заев, заклучи Пишев.